Македонија Бројот на активни случаи на ковид-19 намален на околу 1.500, денеска пријавени...

Бројот на активни случаи на ковид-19 намален на околу 1.500, денеска пријавени тројца починати

Фото: Мета.мк

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 2.249 тестови, а регистрирани се 195 нови случаи на ковид-19, и тоа најмногу во: Скопје – 107, Битола – 16 и Охрид – 11. Од вкупниот број на позитивни случаи (195), регистрирани се 29 реинфекции на ковид-19.

Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се две починати лица од Скопје (71г и 85г), а согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, дополнително е пријавено уште едно починато лице од Охрид (83г). Кај сите починати лица се регистрирани коморбидитети.

Во изминатото деноноќие регистрирани сe 207 оздравени пациенти од ковид-19.

Досега во земјава се направени вкупно 1.974.520 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 307.142, бројот на оздравени пациенти е 296.373, на починати е 9.234, а бројот на активни случаи на ковид-19 изнесува 1.535.