Економија Бројчаникот за јавниот долг е недостапен, МАНУ го објавил по грешка

Бројчаникот за јавниот долг е недостапен, МАНУ го објавил по грешка

Бројчаникот што го мери јавниот долг на Македонија изразен во апсолутни бројки, кој вчера го објави Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), од денеска попладне не функционира.

Од МАНУ, пак, со соопштение известија дека тој е подготвен во рамките на Центарот за компјутерски науки и информатички технологии, за потребите на нивните истражувања и е објавен по грешка.

„Тој е објавен од страна на соработник на Центарот, без претходно да биде информирано раководството на МАНУ и раководителот на Центарот“, се вели во соопштението на Македонска академија на науки и уметности (МАНУ), а по ракцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Понатаму во соопштението се вели дека бројчаникот, според тоа, не изразува официјален став на МАНУ.