Главна секција Бројката на заболени се зголеми на 136, во Скопје 81 лице со...

Бројката на заболени се зголеми на 136, во Скопје 81 лице со корона вирус

Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа се регистрирани 22 нови случаи на коронавирус во земјата. Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска до 12.00 часот, изнесува 136, од кои една пациентка е излекувана, а двајца се починати.

Новите 22 заболени лица се од Скопје (15), Дебар (4), Куманово (2) и Охрид (1).

„Според местото на живеење, досега 81 случаи на КОВИД-19 се регистрирани во Скопје, 40 во Дебар (од кои еден починат), седум во Штип, три во Куманово (од кои еден починат), по двајца пациенти во Кавадарци и во Охрид и едно лице во Гостивар.