Главна секција Бројката на заболени од корона вирусот во земјава се зголеми на 26

Бројката на заболени од корона вирусот во земјава се зголеми на 26

Нови три случаи на заболени со корона вирусот се потврдени заклучно со денешниот ден до 12 часот. Како што информира Министерството за здравство, денешната бројка на заболени со корона вирус во земјава изнесува 26 лица.

Утрово биле тестирани 10 пациенти. Позитивни се тестовите на тројца пациенти кои се тестирале на Клиниката „Жан Митрев“, а за нив Институтот за јавно здравје направил контролни тестови, кои го потврдиле претходниот резултат.

Од Министерството за здраство информираат дека состојбата на сите пациенти е стабилна. Утрово бил одржан состанок со Комисијата за заразни болести, на која присуствувал и кризниот штаб на владата.

Повеќе информации за актуелната состојба со корона вирусот во земјава ќе следува на прес конференцијата на министерот за здравство Венко Филипче, која е закажана за 14 часот во Владата.