Свет Европа Британскиот Врховен суд ѝ ги врза рацете на Тереза Меј за Брексит

Британскиот Врховен суд ѝ ги врза рацете на Тереза Меј за Брексит

Британскиот Врховен суд пресуди дека владата не може да ја почне процедурата за излегување на Велика Британија од ЕУ без претходно да гласање во парламентот.

Судската одлука ѝ ги врзува рацете на британската премиерка Тереза Меј, која не може да ја почне процедура за излегување од ЕУ додека не добие согласност од парламентот.

Како што наведува „Би-би-си“, се очекува пратениците за напуштањето на ЕУ да гласаат пред 31 март, за кога британската влада го најави почнувањето на процедурата.

Врховниот суд заклучи дека за одлуката за излез од ЕУ не е потреба согласност од парламентите на Шкотска, Велс и на Северна Ирска.

Дел од британската јавност ја критикуваше владата затоа што не се консултирала со парламентот за одлуката за напуштање на Унијата. Премиерката Тереза Меј наведе дека може без согласност на парламентот да го активира членот 50 од Лисабонската спогодба, кој го регулира излегувањето на некоја членка од ЕУ.