Свет Европа Британската влада ги одби посредничките услуги на Фараж

Британската влада ги одби посредничките услуги на Фараж

Британската влада соопшти дека не ѝ е потребно посредувањето што ѝ го понуди политичарот Најџел Фараж за поврзување со новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп и со неговата администрација.

Фараж изјави дека би можел да биде „мост“ меѓу Велика Британија и претстојната администрација на Трамп.
Сепак, високи претставници во владата на премиерката Тереза Меј го отфрлија ваквиот предлог.

Британскиот министер за надворешна трговија, Лијам Фокс, изјави дека Лондон има „совршено добар амбасадор во Вашингтон“.

Трамп во ноември се сретна со Фараж, за кого на „Твитер“ напиша дека би бил одличен амбасадор во САД.