Свет Европа Британската фунта доживеа пад во однос на доларот

Британската фунта доживеа пад во однос на доларот

Британската фунта доживеа пад во однос на доларот поради неизвесноста во поглед на потенцијалното излегување на Обединетото Кралство до Европската унија, пренесува „Би-Би-Си“.

При тргувањето, фунтата ослебела за 1,4 отсто во однос на доларот, со што продолжи неколкумесечното слабеење. Спрема јапонскиот јен, фунтата од 162,40 јени во петокот, денеска падна на вредност од 160,40 јени, што е најниско ниво од ноември 2013 година.

Најновиот пад на британската валута следуваше откако градоначалникот на Лондон, Борис Џонсон, почна да ја поддржува кампањата за излегување на Британија од ЕУ, бидејќи британскиот премиер Дејвид Камерон распиша референдум за тоа прашање за 23 јуни.