Свет Европа Британската економија ќе претрпи штети од одлуката за напуштање на ЕУ, смета...

Британската економија ќе претрпи штети од одлуката за напуштање на ЕУ, смета Тереза Меј

Британската премиерка, Тереза Меј, изјави дека британската економија ќе претрпи штета од одлуката за напуштање на Европската Унија, но таа нема да биде толку сериозна како што предвидуваат некои аналитичари.

– Ни претстојат тешки времиња. Видовме дека податоците во овој, актуелен момент, даваат противречни сигнали за ситуацијата во економијата. Сметам дека таа реагира подобро отколку што имаше некои претскажувања по референдумот, но јас ќе бидам чесна и нема да лажам дека сè е добро – рече Меј, пред самитот Г20 во Кина.

Меј на самитот беше придружена од шефот на „Банк од Ингланд“, Марк Карни, и од министерот за финансии, Филип Хамонд, кој се залага за фискален стимул за зачувување на порастот.