Македонија Британска амбасада: Треба консензус за преостанатите прашања од Договорот од Пржино

Британска амбасада: Треба консензус за преостанатите прашања од Договорот од Пржино

Британската амбасада во Македонија преку соопштение ги повика политичките лидери да постигнат консензус за отворените прашања за да обезбедат фер и демократски избори.

„Треба да се заврши уште многу работа за веродостојни избори, особено во однос на гласачкиот список, балансирано медиумско покривање и еднаков пристап до медиумите. Досегашниот напредок се засноваше на договор помеѓу четирите главни партии. Доколку се работи на наоѓање решение за продолжената и неповолна политичка криза, преостанатите прашања исто така треба да се решат со консензус и на начин со кој сите партии ќе се вклучат во изборите и ќе го прифатат резултатот како волја на македонската јавност“, стои во реакцијата на британската амбасада, издадена по изборот на техничката влада што ќе ги спроведува изборите и одлуката на опозицискиот СДСМ да не учествува на изборите доколку се одржат на 24 април.