Свет Европа Брисел сака поголема соработка помеѓу Анкара и Атина

Брисел сака поголема соработка помеѓу Анкара и Атина

ЕУ сака поголема соработка на Турција со Грција и со другите соседни членки од европскиот блок за да се намали приливот на мигранти, а за возврат Брисел е подготвен да понуди дополнителни средства за сириските и за ирачките бегалци во рамки на новиот план кој е објавен денеска.

Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, во Брисел му го изнел акциониот нацрт-план и на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Во планот се наведуваат постапките кои треба да ги преземат ЕУ и Турција во врска со двете пошироки прашања – поддржување на бегалците и на нивните турски домаќини, како и спречување на нерегулираната миграција.
Во нацртот се истакнува дека ЕУ ќе обезбеди милијарда евра за оваа и за наредната година, за да ѝ помогне на Турција да згрижи околу 2,2 милиони сириски и ирачки бегалци.