Свет Свет Бразилската полиција пронашла пет тони марихуана во камион

Бразилската полиција пронашла пет тони марихуана во камион

Бразилската полиција запленила 5,1 тон марихуана во еден камион во државата Санта Катарина, информираат локалните власти.

Три лица се уапсени за време на операцијата која се случила во четвртокот и која овозможила најголема заплена на дрога во таа држава, информираше локалната полиција.

Приведен е возачот на камионот, како и неговите двајца браќа за кои постојат сомневања дека се сопственици на дрогата.

Според првичните истраги, браќата се поврзани и со други две афери на запленет канабис, од пет тона во мај и 4,7 тони во јуни.