Свет Свет Бразил: Возач прегазил 15 лица пред црква

Бразил: Возач прегазил 15 лица пред црква

Сао Паоло

Најмалку две лица се тешко повредени, кога возач изгуби контрола над возилото и влета во група луѓе кои стоеле на тротоар пред црква во Сао Паоло.

Возачот со полна брзина ја прегазил групата, во која имало најмалку седум деца, по што побегнал, соопшти полицијата, која сè уште трага по сторителот.

Полицијата се сомнева дека лицети било под дејство на алкохол, а можеби и наркотици, бидејќи подоцна го пронашла напуштеното возило, а во него пронашла кокаин и марихуана.