Свет Балкан Бозкар: ЕУ да го исполни ветувањето кон Турција

Бозкар: ЕУ да го исполни ветувањето кон Турција

Турскиот министер за ЕУ, Волкан Бозкар, денеска ја повика Европската унија да го исполни ветеното во рамките на договорот за доделување три милијарди евра на Турција во замена за запирање на бранот мигранти кон Унијата.

– Внатрешно прашање на ЕУ е каков метод ќе применат земјите за исполнување на договорот – посочи Бозкар.

Италија минатата недела ги блокираше плановите за доделување средства.