Свет Балкан Борисов: Ќе подариме стотина медицински скафандери „за браќата во Северна Македонија“

Борисов: Ќе подариме стотина медицински скафандери „за браќата во Северна Македонија“

Бугарскиот премиер Бојко Борисов на денешниот брифинг во владата соопшти оти дал наредба да се изработат стотина медицински скафандери коишто потоа ќе бидат подарени на Северна Македонија, јавија бугарските медиуми.

Тој се пофали дека скафандерите произведени во Бугарија се неколку пати поквалитетни од оние што се произведуваат во „големи империи“.

– Кога ќе дадеш 5 или 10 скафандери на нашите болници на првата линија и веќе ги имаме обезбедено и отповеќе, сега даваме и на другите, за да има резерви, тоа се сфаќа како убав гест и се помни десетици години потоа. Затоа наредив да се направат и скафандери за нашите браќа во Северна Македонија, да им пратиме стотина за лекарите на првата линија. Лесно е да се зборува дека сме браќа, но тоа се гледа кога е тешко, кога луѓето умираат – рече Борисов.