Свет Бомбашки напад во Багдад, загинаа три лица

Бомбашки напад во Багдад, загинаа три лица

Најмалку тројца луѓе загинаа, а 22 се повредени кога бомбаш-самоубиец активирал појас со експлозив во центарот на Багдад.

Мета на бомбашот биле работници собрани на плоштадот Тајаран, а засега ниедна терористичка група не ја презема одговорноста за нападот.

Самоубиствените напади најчесто ги изведува таканаречената Исламска држава која во 2014 година, освои голем дел од Ирак, но оттогаш беше приморана да се повлече од многу области.