Свет Бомбашки напад во Алепо, 23 лица загинати

Бомбашки напад во Алепо, 23 лица загинати

Најмалку 23 лица загинаа, а десетина се повредени во сирискиот град Алепо во напад на бомбаш-самоубиец, кој се разнел зад воланот на цистерна со гориво.

Бомбашот го активирал експлозивот на контролниот пукнт кој го контролира исламистичката група Ахрар ал Шам, а се верува дека меѓу погинатите се и четворица команданти на групата и четворица цивили, соопшти Сириската опсерваторија за човекови права.

Во нападот, ранети биле повеќе десетици луѓе, а уништени биле и три згради.

Се верува дека под урнатините има уште повредени.