Свет Бомбаш самоубиец усмрти 10 лица во Кабул

Бомбаш самоубиец усмрти 10 лица во Кабул

Десет лица се убиени, а 20, од кои повеќето цивили, се ранети откако бомбаш самоубиец се разнесе пред полициска станица на западот на Кабул, соопшти заменик-министерот за внатрешни работи на Авганистан, Ајуб Саланги, на „Твитер“.

Ова е уште еден од серијата напади што го погодија авганистанскиот главен град откако кабулските власти настојуваат да го заживеат мировниот процес со талибанците, прекинат минатата година.

Портпаролот на кабулската полиција, Мохамед Кавуси, соопшти дека хоспитализирани се најмалку 11 лица.