Свет Бомбаш-самоубиец се саморазнесе кај храмот Карнак во Египет

Бомбаш-самоубиец се саморазнесе кај храмот Карнак во Египет

Најмалку четворица Египќани се повредено откако бомбаш-самоубиец се саморазнел во автомобил во близина на храмот Карнак, позната туристичка локација во Јужен Египет, јавуваат безбедносните извори и очевидци.

Меѓу повредените се сопственик на продавница и еден полицаец, соопштија безбедносните служби.

Полицијата спречила двајца бомбаши-самоуици кои сакале да го нападнат храмот.

Комплексот храмови Карнак е едно од најголемите светилишта во светот и се смета за второ најпосетувано место во Египет, по пирамидите во Гиза.