Свет Бомбаш самоубиец се разнесе во Кабул, ИД ја презеде одговорноста

Бомбаш самоубиец се разнесе во Кабул, ИД ја презеде одговорноста

Авганистанските власти соопштија дека бомбаш самоубиец се разнел во близина на претседателската палата и на владините институции во Кабул. Одговорноста за нападот ја презеде Исламска држава.

Нападот го извел екстремист кој носел елек со експлозив, што го активирал кога пристигнал на контролен пункт пред претседателската палата, соопшти агенцијата „Амак“, која важи за блиска до ИД.

Заменик-портпаролот на авганистанското Министерство за внатрешни работи, Наџуб Даниш, изјави дека уште не се знае колку луѓе загинале и се повредени во експлозијата.

Тој, исто така, додаде дека засега не е јасен мотивот за нападот.

Според портпаролот на авганистанското Министерство за здравство, Вахид Муџир, најмалку две лица се повредени во нападот.