Свет Бомбардирана болница на Лекари без граници во Јемен

Бомбардирана болница на Лекари без граници во Јемен

Во воздушните напади на коалицијата предводена од Саудиска Арабија денеска е погодена јеменска болница, со која раководат Лекари без граници, објави организацијата.

Станува збор за најново бомбардирање на цивилни мети во седуммесечната воздушна кампања во Јемен.

– Болницата на Лекари без граници во Саади, Јемен, минатата ноќ неколкупати била мета да напади, додека пациентите и лекарите биле внатре во зградата – објави организацијата на социјалната мрежа „Твитер“.

Јеменската државна новинска агенција „Сана“ го цитирала директорот на болницата, кој вели дека во нападот загинале неколку лица.

– Воздушните напади резултираа со уривање на целата болница, со сè што е внатре – опрема, медицински материјали, а притоа се повредени и неколку лица – рече лекарот Али Мугхли.