Економија Богов: Партиите да не ги мешаат банките во своите политички битки

Богов: Партиите да не ги мешаат банките во своите политички битки

Гувернерот на Народната банка, Димитар Богов, апелира политичките партии да не ги мешаат банките во своите политички битки.

– Политичките притисоци врз банките се недозволиви и неспоиви со пазарната економија. Имајќи предвид дека најголем дел од банките се во странска сопственост, политичкиот притисок врз банките може да има катастрофални последици врз нивната перцепција за деловниот амбиент во Македонија  и за нивните идни планови. Деловните банки имаат целосна слобода и право самите да одлучат каде ќе ги пласираат своите ликвидни средства во согласност со својата деловна политика – изјави гувернерот Богов.