Економија Богов: Економијата е стабилна, нема опасност од девалвација на денарот

Богов: Економијата е стабилна, нема опасност од девалвација на денарот

„Македонската економија е стабилна и нема опасност од девалвација на валутата. Деновиве Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) излезе со проекција за економскиот пораст во оваа година од 3,6 проценти, но беше искажана загриженост дека најновите политички случувања и политичка несигурност што владее во Македонија, може да го загрози овој потенцијален економски пораст“, оценил гувернерот Димитар Богов на учеството на пролетниот состанок на Светска банка и на ММФ во Вашингтон, а пренесува „Македонска радио-телевизија“.

Тој порача дека инфлацијата ќе остане ниска, денарот стабилен, а банкарскиот систем сигурен.

Препораките од овој состанок се земјите да спроведат структурни реформи и да се преземат активности за зголемување на економскиот пораст, како што се инвестиции во инфраструктурата.