Колапс на американската СВБ банка, властите уверуваат дека парите се безбедни

Претседателот Џо Бајден подоцна во текот на денот ќе се обрати пред нацијата по овој драматичен викенд во финансискиот сектор. Во изјавата, како што пренесува Би-Би-Си, тој ветил дека ќе ги повика на одговорност сите „одговорни за овој настанат хаос“

-

Американските власти вчера презеле итни мерки за да го зајакнат банкарскиот систем откако пропадна Silicon Valley Bank (Банка „Силиконската долина“), јавува Би-Би-Си.

Банката која ја поддржуваше ИТ и стартап индустријата во САД, СВБ, пропадна за помалку од 48 часа. Ова е најголем колапс на банка во САД од 2008 година и втор најголем по крахот на банката Washington Mutual.

„Луѓето и бизнисите кои имаат пари депонирани во СВБ ќе можат да пристапат до целата своја готовина од понеделник“, соопшти американската влада.

Претседателот Џо Бајден подоцна во текот на денот ќе се обрати пред нацијата по овој драматичен викенд во финансискиот сектор. Во изјавата, како што пренесува Би-Би-Си, тој ветил дека ќе ги повика на одговорност сите „одговорни за овој настанат хаос“.

Фото: Соопштение на СВБ банката објавено на Фејсбук

СВБ банката, или банката „Силиконска долина“, која беше специјализирана за кредитирање на технолошки компании, беше затворена од регулаторите кои го запленија нејзиниот имот во петокот. Според светските медиуми, станува збор за најголем неуспех на американска банка од финансиската криза во 2008 година.

СВБ се обидувала да собере пари за да ја покрие загубата од продажбата на средства погодени од повисоки каматни стапки.

„Американскиот банкарски систем останува отпорен и на цврста основа, во голем дел поради реформите кои беа направени по финансиската криза што обезбедија подобри заштитни мерки за банкарската индустрија. Тие реформи во комбинација со денешните активности ја покажуваат нашата посветеност да ги преземеме неопходните чекори за да се осигураме дека заштедите на штедачите остануваат безбедни“, се вели во заедничката изјава на американските власти.

СВБ е формирана пред четири децении. Организацијата со седиште во Калифорнија стана 16-та најголема банка во САД, која ги задоволуваше финансиските потреби на технолошките компании ширум светот.

Бидејќи технолошкиот сектор ја претпочиташе оваа банка, нејзините услуги беа многу барани во годините на пандемијата. Почетниот пазарен шок предизвикан од ковид-19 на почетокот на 2020 година брзо го отстапи местото на златниот период за стартапи и технолошки компании, кои ја користеа оваа банка за складирање готовина за плати и други деловни трошоци, што доведе до голем прилив на депозити. Банката инвестираше голем дел од депозитот, како што обично прават банките. Но, СВБ инвестирала и многу во долгорочни државни обврзници на САД, вклучувајќи ги и оние поддржани со хипотеки.

Меѓутоа, како што пишува Гардијан, обврзниците имаат обратна врска со каматните стапки – кога стапките растат, цените на обврзниците паѓаат. Па така, кога федералните резерви почнале брзо да ги зголемуваат стапките во борбата против инфлацијата, портфолиото на обврзници на СВБ почнало и значително да ја губи вредноста.

Ако СВБ би можела да ги држи тие обврзници неколку години додека не созреат, тогаш би го вратила својот капитал. Меѓутоа, бидејќи економските услови се влошија во текот на минатата година, а технолошките компании беа особено погодени, многу клиенти на банката почнаа да ги повлекуваат своите депозити, пишува Гардијан. СВБ немаше доволно готовина, па почна да продава дел од своите обврзници со огромни загуби, плашејќи ги инвеститорите и клиентите.

Тоа беше една од серијата несреќни инвестициски одлуки да доведат до нејзин колапс. Поминаа само 48 часа од моментот кога беше откриено дека банката го продала имотот.

Случајот на Ведат: Разрешен директорот на кумановската болница, сè уште нема процедура за докторот

Министерот за здравство Арбен Таравари денеска престојуваше во Куманово, во посета на семејството на починатиот 32 годишен Ведат Адеми, кој почина во кумановската општа болница. Во овој случај, членовите на семејството...

Тошковски: Седум полициски службеници осомничени за креирање на лажната лиценца на дискотеката во Кочани

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на денешното обраќање за медиумите изјави дека лажната лиценца издадена на дискотеката „Пулс“ не е единствена и дека има најмалку уште една. За издавање на...

Велешани им оддадоа почит на жртвите во Кочани

„Тагата е уште потешка кога знаеме дека не е судбина, туку последица на корупција“, „Каде да фатиме врски за да ги вратиме жртвите?“, „Одеднаш тишината стана посилна од секој врисок“, беа...

Манев: Палевски треба да го прашате зошто ги уби Вања и Панче

Судењето за убиството на Вања и Панче денеска во Основен Кривичен суд Скопје продолжи со испитување на обвинетиот Велибор Манев. Тој одговараше на прашањата на бранителите на останатите обвинети и истакна дека...

Случајот на Ведат: Разрешен директорот на кумановската болница, сè уште нема процедура за докторот

Министерот за здравство Арбен Таравари денеска престојуваше во Куманово, во посета на семејството на починатиот 32 годишен Ведат Адеми, кој почина во кумановската општа болница. Во овој случај, членовите...