Економија Бизнис секторот бара брзо формирање на влада и нови антикризни мерки

Бизнис секторот бара брзо формирање на влада и нови антикризни мерки

Фото: Влада на РСМ

Организацијата на работовачи на Македонија, ОРМ,  бара што побрзо да се формира новата влада, со цел да се донесе нов сет антикризни мерки, посебно за текстилната индустрија која е на удар. Според претседателот на ОРМ, Ангел Димитров, производството на заштитна опрема и маски стагнира, а работодавачите алармираат дека на голем број конфекции им се заканува насокоро затворање поради намалената побарувачка од партнерите и затоа што голем број на работнички не се на работа и се во домашна изолација поради корона вирусот.
Поради тоа, ОРМ смета дека мора да се донесат сет на мерки за помош на работодавачите и да се зачуваат работните места во текстилната дејност.
Анализата на Кластерот за текстил покажала дека е можно отпуштање во овој сектор, посебно ако пандемијата продолжи до крајот на годината. Тоа и вгодина би значело помала ликвидност, а повеќе изгубени работни места.
Поради пандемијата со корона вирусот, во источниот регион во неколку наврати беа затворени над 20 текстилни фабрики, најголемиот дел во Штип, како и во Свети Николе и Пробиштип. Во Штип дел од конфекциите од 1 август се на колективен годишен одмор.