Хроника Битолчанец нападнал полицаец кој го открил додека провалувал во автомобил

Битолчанец нападнал полицаец кој го открил додека провалувал во автомобил

Полициски службеник при СВР-Битола, пријавил дека додека бил службено ангажиран за откривање на сторители на кривични дела, кражби во автомобили, го забележал  Ј. П. (25- годишен познат сторител на кривични дела) како провалува автомобил „нисан микра“ со грчки регистарски таблички.

Ј.П. насилно ја отворил предната лева врата на возилото, седнал на возачкото седиште и пребарувал низ возилото, по што полицискиот службеник се доближил до осомничениот, се лигитимирал и му наредил да излезе од возилото.

Ј.П. во тој момент извадил нож и почнал да замавнува кон полицискиот службеник со намера да го лиши од живот. Полицаецот ја турнал вратата од колата за да се одбрани, а Ј.П. продолжил да замавнува со ножот, при што го скршил внатрешниот ретровизор.

Полицискиот службеник повикал интервентна екипа на полицијата која дошла, му го одзела ножот на Ј.П. и го привела во СВР Битола. Од страна на Основен суд-Битола на Ј.П му е одредена мерка „притвор“ во траење од осум дена.