Свет Балкан Бискуп предупредува за можни терористички напади во Тирана, Приштина и во Скопје

Бискуп предупредува за можни терористички напади во Тирана, Приштина и во Скопје

Можни се терористички напади во Приштина, Скопје и во Тирана, како последица на тоа што некои луѓе се задоени во духот на нетрпеливоста и на омразата, изјави косовскиот бискуп Дод Ѓерѓи.

Бискупот ги повика државните, политичките, верските и културните инситуции да дејствуваат во насока на спречување на терористичките акти, слични на тие што се случија во Париз, Бангладеш и во Истанбул.

– Овој дух на нетрпеливиот и на омраза на чуден начин навлезе и кај некои наши луѓе. Така, настаните во Истанбул, Бангладеш, Париз набргу може да стигнат во Приштина, Скопје или во Тирана – рече Дод Ѓерѓи за време на мисата посветена на жртвите во Истанбул и во Бангладеш.

Во меѓувреме, косовскиот заменик-министер за внатрешни работи, Нехат Мустафа, соопшти дека сите податоци што ги поседуваат укажуваат дека Косово не е во опасност.

– Статистиките со кои располагаат косовската полиција, косовската тајна служба и меѓународните партнери, покажуваат дека Косово не е и не може да биде база на вакви терористички напади – изјави Мустафа.