Свет Балкан БИХ: Уапсени шест лица осомничени за радикален исламизам

БИХ: Уапсени шест лица осомничени за радикален исламизам

Шест лица се уапсени во Босна и Херцеговина под сомнеж дека се подготвувале да ѝ се придружат на терористичката организација Исламска држава и да учествуваат во војните што се водат на подрачјето на Сирија, потврди денеска обвинителството на БИХ.

Во акцијата, која ја спроведоа припадници на Државната агенција за истрага и заштита, апсењата се спроведени на подрачјето на Унско-санската жупанија Маглај и на Сараево.

Од обвинителството посочуваат дека уапсените веќе биле на пат кон Сирија и станува збор за радикални верски движења. Некои од нив се уапсени на граничните премини кон Хрватска. Уапсените засега се осомничени за финансирање терористички активности, организирање терористички групи, како и за формирање и за придружување кон паравоени или парамилициски формации.