Свет Европа „Би-би-си“: Главниот осомничен за нападите во Брисел и понатаму во бегство

„Би-би-си“: Главниот осомничен за нападите во Брисел и понатаму во бегство

Британскиот јавен сервис „Би-би-си“, повикувајќи се белгиски медиуми, јавува дека сè уште не е уапсен Најим Лачрау, третиот осомничен за вчерашните напади во Брисел. Во тек е полициска акција на подрачјето на Андерлехт.

Белгискиот весник „Дерниере хуре“ претходно, повикувајќи се на полициски извори, објави дека е уапсен Лачрау, кој е роден на 18 мај 1991 година и е жител на белгиската општина Шаербик.

Полицијата доцна синоќа ги идентификуваше двајцата бомбаши-самоубијци, браќата Брахим и Халид ел Бакрау, кои и претходно ѝ биле познати на полицијата.

Во терористичките напади во Брисел загинаа повеќе од 30 лица, а ранети се околу 260.