Македонија Без маски изминатото деноноќие фатени 528 граѓани

Без маски изминатото деноноќие фатени 528 граѓани

Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти дека во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Северна Македонија, во врска со мерката за носење на лична заштита на лицето, регистрирани се 528 прекршоци.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид-19.