Македонија Бесими сe сретна со Пласнер, амбасадорката на Данска

Бесими сe сретна со Пласнер, амбасадорката на Данска

Заменик-претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања, Фатмир Бесими, денеска се сретна со амбасадорката на Кралството Данска, Лисалоте Пласнер, на која ѝ искажал благодарност за континуираната поддршка од Данска во процесот на евро-атлантска интеграција на Република Македонија и на нашиот регион.

„На средбата, се дискутираше за актуелната политичка состојба во Република Македонија и за нејзиното влијание на целокупниот процес, развојот на добрососедските односи, како и за предизвиците во справувањето со мигрантската криза и за позитивната улога на Македонија. Од вицепремиерот Бесими беше истакната неопходноста од што поскоро интегрирање на земјите од Западен Балкан во Европската унија, како единствена гаранција за стабилност и за просперитет во регионот“, велат од СЕП.

На крајот на средбата било истакнато дека унапредувањето на политичкиот дијалог меѓу двете земји и продлабочувањето на соработката во сите области е од заемен интерес и понатаму ќе бидат во фокусот на билатералните релации.