Македонија Бензините и дизелот поевтинуваат за 1,5 денара по литар

Бензините и дизелот поевтинуваат за 1,5 денара по литар

Oд полноќ ќе поевтинат бензините и дизелот, но и екстралесното масло за домаќинство

Фото: Мета.мк

Според денешната одлука на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија (РКЕВУ), од полноќ ќе поевтинат бензините и дизелот, но и екстралесното масло за домаќинство.

Бензините ЕУРОСУПЕР 95 и ЕУРОСУПЕР 98, како и дизел горивото ќе поевтинат за 1,5 денара по литар, а екстралесното масло за домаќинство ќе поевтини за 1 денар по литар, додека мазутот ќе поскапи.

Од полноќ, цените на нафтените дериват и ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95: 89 денари/литар
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98: 91 денари/литар
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V): 85,5 денари/литар
Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1): 85 денари/литар
Мазут М-1 НС: 48,715 денари/килограм