Свет Европа Белгискиот суд одлучи Абдеслам да ѝ биде испорачан на Франција

Белгискиот суд одлучи Абдеслам да ѝ биде испорачан на Франција

Белгискиот суд донесе одлука Салах Абдеслам, првоосомничен за терористичките напади во Париз од 13 ноември, минатата година, да биде екстрадиран во Франција, соопшти денеска белгискиот федерален обвинител.

Неговиот адвокат претходно денеска соопшти дека Абдеслам сака Белгија да го испорача на Франција и дека има намера да соработува со француските власти.

Белгискиот федерален обвинител изјави дека сега двете држави ќе го разгледуваат начинот на кој ќе биде извршено неговото префрлање во Франција.

Абдеслам е во притвор во Бриж од 18 март, а со истражните власти нема разговарано од самоубиствените напади на аеродромот и метро-станицата во Брисел, извршени на 22 март.

Тој е поврзан и со неколкуте лица кои се вмешани во терористичките напади на белгиската престолнина.