Свет Европа Белгиската полиција пронашла отпечатоци од напаѓачите од Париз

Белгиската полиција пронашла отпечатоци од напаѓачите од Париз

Белгиското федерално обвинителство денеска соопшти дека полицијата пронашла траги од експлозив, рачно направени појаси и отпечатоци од прсти од лицата што побегнале по терористичките напади во Париз.

Трагите се пронајдени во стан во Брисел на 10 декември.

Обвинителството соопшти дека станот во бриселскиот кварт Шербек бил изнајмен под лажно име и оти можеби го користеле и лицата што веќе се во притвор по нападите во Париз.

Доказите сугерираат дека нападите од 13 ноември во Париз, во кои загинаа 130 лица, делумно биле планирани во Белгија.

Осомничениот организатор на нападите е жител на Брисел, Салах Абдеслам, кој сè уште е во бегство.