Свет Европа Белгија: Убиен чувар на нуклеарна централа, украдена му е пропусницата

Белгија: Убиен чувар на нуклеарна централа, украдена му е пропусницата

Едно лице од обезбедувањето на белгиската нуклеарна електрана е убиено во градот Шарлероа, два дена по терористичките напади во Брисел, јавува локалниот весник „Дерниере хојре“.

Весникот наведува дека на убиениот му е украдена пропусницата за влез во нуклеарната електрана.

Шарлероа се наоѓа на 50 километри од главниотр град на Белгија.

Чуварот бил застрелан синоќа, додека го шетал своето куче. Поради кражбата на неговата пропусници, алармирани се безбедносните служби.

Весникот претходно објави дека бомбашите-самоубијци Халид и Ибрахимел Бакрау планирале да нападнат нуклеарна електрана во Белгија, но го смениле планот по апсењето на Салах Абдеслам, главниот осомничен за минатогодишниот напад во Париз.