Свет Европа Белгија: Откриени скривалишта на напаѓачите од Париз

Белгија: Откриени скривалишта на напаѓачите од Париз

Белгиската полиција открила два стана и една куќа што ги користеле терористите неколку недели пред нападите во Париз, соопштија денеска истражителите.

Напаѓачите закупиле стан во Брисел и уште еден во местото Шарлероа во септември минатата година. На почетокот од октомври изнајмиле куќа во Овеле, околу 55 километри јужно од Брисел.

Сите три недвижности се закупени на една година и за тоа е платено во готовина, а закупувачите дале лажни имиња. Истражителите пронашле ДНК-траги од еден од напаѓачите, Билал Хадфи, кој се разнел во Париз на 13 ноември.

Во станот во Шарлероа се пронајдени душеци и отпечатоци од прсти од Хадфи и од Абделхамид Абауда, Белгиец кој се верува дека е еден од организаторите на нападите. Тој подоцна е убиен во париското предградие Сен Дени на 18 ноември.