Свет Европа Белгија ослободува осомничен за нападите во Париз

Белгија ослободува осомничен за нападите во Париз

Белгиското федерално обвинителство денеска објави дека ќе го ослободи лицето што од ноември се наоѓа во притвор поради поврзаност со нападите во Париз.

Станува збор за Абделах Ц., кој ќе биде ослободен под строги услови, наведе обвинителството.
Абделах Ц. придружувал еден од осомничените за нападите во Париз, Мохамед Абрини, на аеродромот, кога Абрини заминал да се бори во Сирија, јави државата телевизија „Ер-те-бе-еф“.

Адвокатот на Абделах Ц. рекол дека неговиот клиент тврди дека нема никаква врска со нападот во Париз, извршен на 13 ноември минатата година.