Свет Европа Белгија го намали нивото на безбедност

Белгија го намали нивото на безбедност

Белгиските власти денеска го намалија засилениот степен на безбедност, воведен поради стравувањето од напади на милитантите во Брисел за време на прославата на Нова година.

Белгискиот кризен центар, државно тело кое ја советува владата за безбедноста, соопшти дека статусот на предупредување за можни мети, како што се полицијата, војската и главниот плоштад во Брисел, е намален на второ ниво.

Сепак, сеопштото ниво на предупредување за цела Белгија останува на трето ниво или едно пониско од максималното.
Во Брисел беше откажан традиционалниот огномет за прослава на Нова година поради наводен план за напад на цели во белгиската престолнина.