Свет Европа Белгија: Четворица уапсени при антитерористичка акција

Белгија: Четворица уапсени при антитерористичка акција

Четири лица се уапсени за време на антитерористичката акција на белгиската полиција, при која се претресени 22 објекти, соопшти денеска јавното обвинителство на Белгија.

Белгиските медиуми јавуваат дека не е пронајдено оружје за време на операцијата, која беше спроведена во Брисел, Антврепен и во неколку помали градови и која имаше цел да ја разбие мрежата за регрутирање борци за боиштата во Сирија.