Економија Бектеши и Галовеј се согласиле за продлабочување на економската соработка со Обединетото...

Бектеши и Галовеј се согласиле за продлабочување на економската соработка со Обединетото Кралство

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска оствари видео-состанок со амбасадорката на Обединетото Кралство, Рејчел Галовеј, информираат од Министерство за економија.

На состанокот разговарале за економските приоритети на Владата во новиот мандат, економската соработка меѓу двете земји како и можноста за продлабочување на истата.

„Министерот ја информираше амбасадорката Галовеј дека Обединетото Кралство е втор по големина трговски партнер на Северна Македонија, а вкупната билатерална трговија меѓу двете земји е во континуиран раст во последните неколку години. Двајцата се согласиле дека има простор за продлабочување на трговската соработка меѓу двете земји, пред се поради присуството на британските инвеститори на македонскиот пазар. Министерот се заблагодари на амбасадорката Галовеј за поддршката која Британската влада ја дава на Министерството за економија во делот на подобрување на регулативата за Јавно приватно партнерство,“ се вели во соопштението.

Амбасадорката му го честитала вториот мандат на министерот Бектеши како министер за економија, при што и двајцата се согласиле дека соработката помеѓу двете земји ќе продолжи и во наредниот период.