Македонија Бејли: Постизборниот период е време на патриотизам

Бејли: Постизборниот период е време на патриотизам

Исчекувајќи ги последните резултати од неизвесната трка за претседател на САД, во која засега води Доналд Трамп, во хотелот „Александар палас“ се обрати амбасадорот на САД во Македонија, Џес Бејли, кој рече дека избирањето претседател е сериозна работа која влијае на економијата, здравствениот, образовниот систем, емиграцијата и на надворешната политика.

– Сите читавме дека ова беа највалканите и најнеизвесните избори досега, но не сум баш сигурен во тоа. И досега сме имале неизвесни трки. Никогаш не било полесно од сега да се биде информиран гласач. И со сите овие информации има негативна страна, се шират многу шпекулации. Американските граѓани сакаат свет на мир и на можности, затоа постизборниот период е време да се собереме, време да ги тргнеме чуствата настрана и време на патриотизам. Сега треба да се фокусираме на формирање нова администрација – рече Бејли.

Тој додаде дека САД се партнери на Македонија 25 години и дека Македонија добила поддршка од четири различни администрации на САД.

На крајот Бејли ги поздрави сите кандидати што се осмелиле да влезат во трката, но и неговите сограѓани кои излегле и го дале својот глас.