Македонија Бејли: На специјалната обвинителка треба да ѝ се дадат ресурсите што ѝ...

Бејли: На специјалната обвинителка треба да ѝ се дадат ресурсите што ѝ се потребни

„Пратениците, четирите политички партии и Советот на јавни обвинители ја изгласаа специјалната јавна обвинителка врз основа на нејзината професионалност. Сметам дека треба да ѝ ги дадат ресурсите што ѝ се потребни за да ја зврши својата важна работа“, рече амбасадорот на САД во Македонија, Џес Бејли, заедно со премиерот Никола Груевски го отворија новиот училишен објект за учениците со оштетен вид од државаното училиште „Димитар Влахов“.

– Многу е важно да има независен и легален процес за прашањата што произлегуваат од пресретнатите комуникации. Ова е многу важно за да ѝ се помогне на Македонија да излезе од сегашната ситуација. Мислам дека процесот во работните групи треба да продолжи затоа што треба да се заврши важна работа, а не останува многу време – рече Бејли.