Македонија Бејли: Масовното помилување е пречка за веродостојни избори

Бејли: Масовното помилување е пречка за веродостојни избори

Американскиот амбасадор во земјава, Џес Бејли, денеска по средбата со претседателот Ѓорге Иванов повторно ја осуди одлуката за сопирање на судските процеси против политичарите и повика да се избегне насилството.

„Масовното помилување е еднакво на неказнивост и е еднакво на пречка за веродостојни извори и евроатланскиот пат. Мирните демонстрации се фундаментално право. Насилството и вандализмот – не“, твитна Бејли.

Бејли и евроамбасадорот Аиво Орав денеска попладне се сретнаа со претседателот Иванов. На средбата, за која чекаа два дена, е разговарано за одлуката за аболиција. Сепак, повеќе детали не се откриваат.

Иванов во обраќањето до нацијата рече дека политичката криза во земјата е креирана и увезена однадвор и оти тој сам ја донел одлуката, која има цел да стави крај на ситуацијата што не успеа да се надмине со Договорот од Пржино.