Свет Европа Илјадници бегалци пешачат од Словенија кон Грац

Илјадници бегалци пешачат од Словенија кон Грац

Илјадници бегалци неконтролирано влегоа од границата на Словенија во Австрија. Новодојдените бегалци се споија со тие што веќе беа на територијата на Австрија, формираа колона од повеќе од 5.000 луѓе и почнаа пеш да се движат кон Грац.

Властите велат дека полицијата цел ден се обидувала да воведе некаков ред на границата, но нивните обиди биле безуспешни.

– Постои голем ризик за бегалците, за луѓето, бидејќи за оние кои неконтролирано и без ред ја минуваат границата, безбедноста во земјата не може да биде гарантирана. Затоа мора да го воспоставимее редот уште на граница, а потоа да ги згрижиме во центрите – изјави Фриц Грундинг, портпарол на полицијата на Австрија.