Свет Балкан Базата „Бондстил“ доби командант со српско потекло

Базата „Бондстил“ доби командант со српско потекло

Полковникот Ник Дучиќ, Американец со српско потекло, е новиот командант на американската база „Бондстил“ на Косово.

– Јас сум прв американски офицер со српско потекло кој ќе командува со мултинационалната борбена група Исток стационирана во “Бондстил“ – вели овој рече овој висок офицер од САД.

Тој во Косово доаѓа од позицијата командант на 79-та пешадиска бригада на Националната гарда на Калифорнија. На преземањето на должноста од досегашниот Командант, полковник Михаел Спрагинс, Дучиќ вети дека улогата на КФОР останува непроменета во обезбедувањето сигурна средина и слобода на движење.

Дучиќ завршил воен колеџ во 2014 година, а магистрирал на Универзитетот Мериленд како нуклеарен инженер.