Свет Балкан Баша: Со оваа влада не се можни слободни избори

Баша: Со оваа влада не се можни слободни избори

Доведено е во прашање одржувањето слободни избори, оти сегашната влада не сака да ги спроведе антикорупциските закони, а огромна е опасноста парите од трговијата со дрога да се користат за купување гласови, порачал лидерот на албанската опозиција, Љуљзим Баша, на денешната средба во Тирана со клучните претставници на ОБСЕ/ОДИХР.

Баша рече и дека Централната изборна комисија не е независна и е подложена на притисоци и на закани од владата. Претседателот на Демократската партија на Албанија порача и дека единственито начин да се гарантираат слободни и чесни избори е преку формирање техничка влада која ќе се фокусира на спроведувањето на антикорупциските закони.