Свет Балкан Баша: Ситуацијата во Албанија не е слична на таа во Македонија –...

Баша: Ситуацијата во Албанија не е слична на таа во Македонија – полоша е!

Љуљзим Баша, лидерот на Демократската партија и најсилната опозициска фигура, денеска заборави на дипломатскиот речник и го нарече законот за реевалуација на обвинителите и на судиите „мафијашки процес“.

Тој порача дека дипломати од висок ранг работат за Еди Рама, дека ги „киднапирале“ ЕУ-експертите што работат на правосудните реформи. Иако не спомена имиња, тој, всушност, се обрати кон Кнут Флекенштајн, кој е против формирање техничка влада, како што се случи минатата година во Македонија.

Баша додаде оти се согласува со Кнут Флекенштајн дека ситуацијата не е слична со таа во Македонија, зашто, всушност, е полоша. Тој повтори дека Албанците нема да одат на избори со премиер „кој е главен командант на нарко-армија“.

Процесот за реевалуација е клучен елемент на судските реформи во Албанија. Оваа реформа е клучна за отворање на преговорите за приклучување на Албанија во ЕУ.