Спорт Барселона вечерва без Андрес Иниеста

Барселона вечерва без Андрес Иниеста

Барселона нема да може да смета на помошта од Андрес Иниеста

На вечерашниот меч против Валенсија, вицешампионот на Шпанија, Барселона, нема да може да смета на помошта од Андрес Иниеста.

Стратегот Луис Енрике решил да не ризикува иако вчера од Шпанија соопштија дека главниот креатор на играта на „каталонците“ ќе игра барем 45 минути.

Натпреварот меѓу Валенсија и Барселона се игра вечерва, од 21 часот.