Спорт Барселона го освои трофејот во „Копа дел Реј“

Барселона го освои трофејот во „Копа дел Реј“

Фудбалерите на Барселона го освоија трофејот во „Копа дел Реј“, совладувајќи го Атлетик Билбао со 3:1 во финалето одиграно синоќа на нивниот „Камп ноу“.

Со овој триумф „Каталонците“ стигна до двојна титула, бидејќи претходно го освоија трофејот во Примера дивисион.

Головите за Барселона ги постигнаа Лионел Меси – во 20. и во 74. минута и Нејмар во 36. минута.

За Атлетик Билбао погоди Инаки Вилијамс во 79. минута.

Барселона до крајот на сезоната ја очекува и битката за трофејот во Лигата на шампионите против Јувентус, на 6 јуни во Берлин.