Свет Европа Банката „Јулиус Баер“ ќе плати казна поради помагање во избегнување даночни обврски

Банката „Јулиус Баер“ ќе плати казна поради помагање во избегнување даночни обврски

Швајцарската приватна банка „Јулиус Баер“ постигна спогодба со американските власти, според која, ќе плати 547 милиони долари за да заврши судската постапка против неа покрената со обвинение дека помагала на богатите Американци во избегнување да плаќаат данок.

– За „Јулиус Баер“ затворањето на овој жален, наследен проблем е важен чекор. Со оваа спогодба, ќе заврши еден долг период неизвесност и нам ни овозможува целосно да се сосредоточиме на нашите деловни активности – изјави директорот на банката, Борис Коларди.

Банката ги резервирала паричните средства за казна, што влијаело врз намалување на нето-добивката за 2015 година за 67 проценти.

Оваа банка беше меѓу десетте швајцарски банки што беа под истрага на американското министерство за правосудство, меѓу кои е и втората најголема банка во државата, „Креди свис“, на која ѝ е изречена парична казна од 2,8 милијарди евра.