Свет Бан Ки-мун бара да се врати мораториумот на смртната казна во Пакистан

Бан Ки-мун бара да се врати мораториумот на смртната казна во Пакистан

Да се запрат егзекуциите во Пакистан и да се врати мораториумот на смртната казна, бара Бан Ки-мун, генералниот секретар на ОН.

Наваз Шарифи, премиерот на Пакистан, го укина мораториумот на смртната казна, откако пакистанските талибански бунтовници спроведоа рација во училиштето во Пешавар на 16 декември и убија речиси 150 деца. Оттогаш шест лица кои биле осудени за тероризам се обесени, а никој од нив не бил вклучен во масакрот во училиштето.

Пакистанскиот министер за внатрешни работи Чаудри Али Кан изјави дека во наредните неколку недели Пакистан ќе почне со извршување на казните на околу 500 затвореници осудени за тероризам.